СВР Охрид: Пријави за два нападa од кучиња скитници врз граѓани во Кичевско

Кучиња, Фото: МИА

Два напада на кучиња скитници врз граѓани се регистрирани во текот на вчерашниот ден во Кичевско, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Во текот на вчерашниот ден на територија на Општина Кичево се регистрирани два напада врз луѓе од кучиња скитници. Првиот напад се случил во село Лисичани каде настрадал А.С. (49), кој бил нападнат во близина на селскиот стадион. Вториот напад се случил во кругот на РЕК „Осломеј” каде бил нападнат Ј.Ч. (43) од село Црвивци, рече портпаролот Димоски.

Од Кичево или околните села, речиси, секојднево стигнуваат информации за регистрирани напади од кучиња скитници врз недолжни граѓани, при што често се случува жртвите да се здобијат и со потешки повреди.

Повеќето напади завршуваат само со информација, но сè почесто овие напади имаат и судска разрешница, а граѓаните добиваат материјален надомест за претрпената штета која може да изнесува и повеќе стотини евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот