СВР-Битола утврди посебен сообраќаен режим за патиштата кои на Илинден водат кон Крушево

EPA/STF

Секторот за внатрешни работи-Битола информира дека на 1 и 2 август, на подрачјето на СВР-Битола ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот кои водат кон Крушево.

Се очекува зголемена фреквенција на патници кои ќе одлучат националниот празник Илинден да го одбележат во Крушево и затоа СВР-Битола в недела и во понеделник ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, соопштуваат од секторот за однос со јавност.

– На 1 август од 15.00 се до 22.00 часот наредниот ден, односно до 2 Aвгуст, на регионалниот пат Р-1306 делница Прилеп-Кривогаштани-Крушево-Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337 делница Крушево-место наречено Слива, на уличната мрежа низ Крушево и на патеките што водат кон Мечкин Камен ќе има посебен режим на сообраќај. Апелираме, локалното население да се воздржи од движење со работни и земјоделски машини во посочениот временски период и патните правци, нагласуваат од СВР-Битола.

На 1 и 2 август на сите учесници во сообраќајот ќе им биде овозможено соодветно информирање од униформирани полициски службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот