СВР Битола со посебен сообраќаен режим за празнувањето на Илинден

По повод националниот празник Илинден а со цел обезбедување безбедно и нормално одвивање на моторниот и пешачкиот сообраќај на регионалниот пат Прилеп – Крушево – Демир Хисар, на подрачјето на градот Крушево и на потегот од месноста „Порта” кон Мечкин Камен, СВР Битола на 1 и на 2 август ќе воведе посебен режим на сообраќајот.

Како што стои во соопштението на СВР Битола, на 1 август, во периодот од 16 до 24 часот, во Крушево ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со пренасочување, ограничување и забрана за сообраќај. Таков режим ќе има и на 2 август во периодот од 5 до 17 часот.

„Поради обезбедување на безбеден и проточен сообраќај на потегот од месноста „Порта” до Мечкин Камен, моторните возила со кои се врши групен и организиран превоз на патници на 2 август, е потребно да пристигнат до 10:30 часот на паркингот предвиден за нивно паркирање на месноста „Црн врв”. Слегувањето на патниците од автобусите да биде на местото каде ќе биде паркирано превозното средство“, стои во соопштението на СВР Битола.

СВР Битола соопштува и како ќе биде натамошниот сообраќаен режим, особено за земјоделската механизација и за запрежни и товарни возила.

-Ќе се воведи забрана и ограничување за движење на трактори, земјоделски машини, запрежни коли и тешки товарни возила на регионалниот пат Прилеп – Крушево – Демир Хисар,  и тоа: на 1 август во периодот од 16 до 24 часот, а на 2 август во периодот од 5 до 17 часот, соопштуваат од СВР Битола за сообраќајниот режим на 1 и на 2 август за време на празнувањето на Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот