СВП 2020: Редуцирана форма на поетскиот фестивал

13.03.2014. Amir Or pesnik iz IzraelaFoto:ANDJELKO VASILJEVIC

Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ ќе се одржи од 28 до 30 август со редуциран број учесници поради пандемијата на ковид-19. Околностите дозволуваат да се организира фестивал со физичко присуство на домашните поети, а поканетите учесници од странство, заради рестрикциите во однос на патувањата и авионските летови, но и заради минимизирање на ризикот од ширење на вирусот, ќе бидат претставени преку видео читања, кои ќе бидат составен дел од програмата на фестивалот. Специјално видео обраќање, како и видео читање, подготви и годинешниот лауреат на СВП, израелскиот поет Амир Ор, кој ќе биде специјален гостин на наредното, јубилејно 60. издание на СВП во 2021 година, кога и ќе му биде врачен Златниот венец, заедно со лауреатот за 2021 година.

Програмата на фестивалот ќе се одвива во редуцирана форма во периодот од 28 до 30 август, но ќе ги задржи препознатливите програмски содржини на фестивалот. Повеќе од 30 домашни и странски поети од постарата, но и од помладата генерација ќе учествуваат на фестивалот на главните фестивалски читања. Дел од програмата ќе бидат и петте кандидати од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“, која ќе биде доделена и оваа година за најдобра поетска збирка помеѓу две изданија на СВП, а ќе бидат застапени и слем поети од земјава и од странство.

Легенда: На насловната фотографија е лауреатот Амир Ор. Автор на фотографијата е Анѓелко Васиљевиќ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 45, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 22-23 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот