Свирежи и сомневања на „Олимпико“, дали ова е почеток на крајот на Мурињо во Рома

Жозе Мурињо веќе е на удар на јавноста поради слабите игри на Рома/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Медениот месец за Жозе Мурињо заврши и на натпреварот против Бодо Глимт во четвртокот од трибините можеа да се слушнат и првите свирежи упатени кон Португалецот.

Италијанските медиуми сметаат дека вината за ремито против Бодо (2:2) не може да падне врз судијата и дека Муруњо има големи проблеми и дека доста фудбалери не одговараат на неговиот систем на игра.
„Оркестарот престана да свири“, тврди римскиот весник „Ил Месаџеро“, притоа доведувајќи ја во прашање „специјалноста“ на Мурињо.

„Ил Месаџеро“ смета дека играта на Рома е разочарувачка и дека е тешко да се очекува од семејството Фридкин, кои се сопственици на тимот да донесат засилувања кои ги сака Мурињо. На листата на желби на Португалецот се наоѓаат имиња како Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах, Бенјамин Хенрикс од Лајпциг, Маркус Холмгрен Педерсон од Феенорд, Даниеле Ругани од Јувентус, Начо Монреал од реал Мадрид како и Лукас Васкез и Дани Себаљос.

Според римскиот весник, Рома има проблеми со реализацијата бидејќи кај Тами Абрахам веќе се чувстува замор од пеколното темпо, а Муруњо не им верува на останатите напаѓачи.
По поразот од Бодо Глимт од 6:1, Португалецот изјави дека има само 13 фудбалери и оти останатите не се ниту за Серија Б со што направи нови поделби во соблекувалната.

Згора на тоа, Рома е поразена во дерби пресметките во Серија А и тоа од Милан, Јувентус и Лацио додека со Наполи одигра нерешено и се наоѓа на делба на четвртото место на табелата заедно со Аталанта шти претставува нов проблем. Според досегашните резултати во Серија А, првите три места на табелата се резервирани за Наполи, Милан и Интер, додека Рома ја очекува тешка борба за четвртото место и тука не и се даваат преголеми шанси.

Поради тоа „Ил Месаџеро“ пишува дека натпреварите против Бодо во Конференциската лига се почетокот на крајот на Мурињо во Рома и не би било изненадување доколку Португалецот не го дочека крајот на сезоната на клупата на „римската волчица“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот