Свежи намирници – Како правилно да го чувате спанаќот

Фото: Инстаграм

Свежиот спанаќ многу бргу се расипува. Со ваков проблем се соочиле речиси сите домаќинки. Затоа, многу важно е да се знае како подолго време да се зачува неговата свежина за да не се доведеме во ситуација поголемиот дел од ливчињата, наместо како храна, да завршат во кантата за отпадоци.

Имено, за да остане неколку денови во таква состојба, свежиот спанаќ треба да го ставите во подлабок сад, во кој на дното сте ставиле вода. Немојте да го потопувате целиот спанаќ во вода. Доволно ќе биде во садот да има само неколку сантиметри вода на самото дно. Вака подготвениот спанаќ, ставете го на ладно место. Најдобро би било кога би имале доволно место да со ставите во фрижидер, бидејќи таму температурата е константно иста.

Фото: Инстаграм

Но, овој трик ќе ви помогне да му ја задржите свежината на спанаќот околу 4 до 5 дена. Доколку не успеете да го зготвите во тој период, постои можност да почне да гние. Затоа најсоодветно би било да го измиете и да го замрзнете. На тој начин добивате спанаќ што можете да го користите во следните неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот