Светското првенство за ракометарките започна со сензационален пораз на шампионките

фото: IFH

Актуелните светски шампионки, ракометарките на Франција доживеаја вистински шок на стартот од Светското првенство во Јапонија губејќи од Јужна Кореја со 29:27.

Одлучувачкиот пресврт со кој дојдоа до победата, корејките го направија во второто полувреме го решија во своја корист со 17:14, а блирлијараше Хе рЈу Еун која даде дури 12 гола од 17 шута.

Во дербито на првото коло, Германија со 30:24 го совладас Бразил кој е следен противник на Јужна Кореја.

Словенија направи изнеандување со триумфот од 32:26 над фаворизираната Холандија, додека успешен старт имаа и ракометарките на Србија и Црна Гора. Србинките со 32:25 ја победија Ангола, додека Црна Гора го совлада Сенегал со 29:25.

Резултати:
Група А
Србија Ангола 32:25
Холандија – Словенија 26:32
Норвешка – Куба 47:16

Група Б
Германија – Бразил 30:24
Франција – Јужна Кореја 27:29
Данска – Австралија 37:12

Група Ц
Црна Гора – Сенегал 29:25
Унгарија – Казахстан 39:15
Романија – Шпанија 16:31

Група Д
Јапонија – Аргентина 24:20
Русија – Кина 26:11
Шведска – Конго 26:16

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот