Светските рекорди паѓаат како на филмска лента на СП во пливање

Пливачите кои се натпреваруваат на СП во пливањево Јужна Кореја, денеска беа расположени за соборување на светски рекорди.
Првиот светски рекорд го постави Американецот Кејлеб Дресел на трката на 100 метри делфин. Откако во првото полуфинале, доминираше Унгарецот Кристоф Милак со време од 50.95 секунди, на втората полуфиналната трка, Дресел делницата ја исплива за 49.50 секунди, што беше за 32 стотинки побрзо од досегашниот светски рекорд кој го држеше легендарниот Мајкл Фелпс.

Каде што застана Дресел, продолжи младата  17-годишна Реган Смит од САД која на полуфиналната трка на 200 метри грбно постави нов светски рекорд. Најдоброто време на 200 метри грбно сега изнесува 2:03.35 минути, што е за 71 стотинка подобро од седум години стариот рекорд на Миси Френклин.

Последниот светски рекорд го собори рускиот пливач, Антон Чупков на 200 метри градно. Чупков во директен дуел во финалето го победи сега веќе поранешниот рекордер, Метју Вилсон од Австралија и му го презеде најдоброто време во историјата на 200 метри градно кое сега изнесува 2:06.12 минути.

Американката Симоне Мануел го освои златниот медал на 100 метри слободно, а 27-годишната Јулија Ефимова од Русија ја одбрани титулата на 200 метри градно. Уште едно злато за Русија донесе Евгениј Рилов кој триумфира на трката на 200 метри грбно.

Во последната трка на шестиот ден од СП во Гвангжу, на штафетата 4х200 метри слободно, златниот медал го освоија пливачите од Австралија, Луис, Челмерс, Грем и Хортон кои во финишот ја победија Русија, додека пливачите на САД го освоија бронзениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот