Светските милијардери „осиромашуваат“

Најбогатите луѓе на светот „осиромашија” лани поради геополитичките превирања и нестабилни пазари за првпат во изминатите 10 години, според истражувањето на швајцарската банка УБС и консултантската фирма ПВЦ.

Богатството на милијардерите минатата година е намалено на глобално ниво за 388 милијарди долари на 8,53 билиони долари, се вели во извештајот објавен денеска.

Особено голем пад е забележан во Кина, втор по големина дом на милијардери зад САД, како и во поширокиот Азиско-пацифички регион.

Приватните банки, вклучително и УБС, која е една од водечките светски компании за управување со богатството, ги почувствуваа ефектите од американските и кинеските трговски тензии и глобалната политичка неизвесност со откажување од тргување и преземање на долг минатата година во корист на готовина.

Прочитајте и...  Петровска за Чулев: Не се обидувај со прашината за каблите на АНБ да го сокриеш лошото менаџирање, резултатот се гледа

„Богатството на милијардерите е намалено за првпат од 2008 година поради геополитиката”, рече началникот на канцеларијата на УБС за ултра богати клиенти, Јозеф Штадлер.

Нето вредноста на најбогатите Кинези е намалено за 12,8 проценти во доларски износ во услови на пад на цените на акциите и ослабување на домашната валута, покажа истражувањето.

– И покрај падот, Кина продолжува да „произведува” еден нов милијардер на секои два или два и пол дена, рече Штадлер.

Бројот на милијардери е намален во сите делови од светот освен во САД. – Овој извештај ја илустрира отпорноста на американската економија, каде во крајот на 2018 година имало 749 милијардери, изјави Џон Метјуз шеф на УБС за управување со приватни богатства на најбогати клиенти во САД.

Прочитајте и...  Вашингтон и северна Вирџинија започнаа со првата фаза од отварањето на бизнисите

Прочитај повеќе

Нов закон во Кина: Прво „оладување на чувствата“па потоа развод

Слободен печат

Десетгодишно девојче чие дело инспирира: Челси им подари 1.500 пакетчиња на децата без родители (ВИДЕО)

Австријците од средината на јуни нема да носат заштитни маски

Слободен печат

Вашингтон и северна Вирџинија започнаа со првата фаза од отварањето на бизнисите

МИА Агенција

Д-р Пановски: Со внуците на дистанца, во парк, не да се собираат и заседнуваат

Слободен печат

Почина најстариот човек на светот: Ги преживеа двете светски војни, шпанската треска и подемот и падот на Советскиот Сојуз

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Триесет отсто од средношколките не разговараат за сексуално-репродуктивниот период

Слободен печат

Џонсон и Трамп согласни: Планот на Пекинг ја загрозува автономијата на Хонгконг

Слободен печат

Тајван го поништи законот според кој за прељуба се одеше во затвор

Слободен печат

Шпанската влада ќе им дава по 462 евра месечно на најсиромашните граѓани

Слободен печат

Спасовски: Земјоделството е еден од носечките столбови за развој на вкупната економија

Слободен печат

Уапсен полицаецот кој го гмечеше и под чии нозе почина Афроамериканецот Џорџ Флојд (ВИДЕО)

МИА Агенција