Светските медиуми со реакции по изјавата на Колинда дека хрватската полиција применила сила врз мигранти

Фото: Принтскрин

Бројни светски медиуми непрекинато ја коментираат изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која во интервју кое го објави Индекс.хр, признала дека хрватската полиција ги крши законите и „користи насилство за да ги растера мигрантите“.

Таа наводно ова го изјавила неодамна за време на нејзиниот престој во Швајцарија на телевизијата СРФ.

Како што пренесува Индекс проблемот е во тоа што изразот потиснување или (pushback) е спротивно на меѓунрадоните конвенции кои ги има потпишано Хрватска, а користењето на насилство во тој контекст е нелегално и по меѓународното и хрватското право.

Накратко, пренесува хрватскиот портал, претседателката признала дека Хрватска намерно ги крши законите и дека политиката на Хрватска кон мигрантите е таква што на полицијата и се наложува да дејствува противзаконски.

Гардијан во врска со оваа тема објави статија под наслов „Хрватската полиција со примена на насилство протерува мигранти, вели претседателката“.

За оваа изјава на хрватката претседателка пишува и „Дојче веле“, каде се наведува дека „Хрватска систематски негирала нелегално депортирање на бегалци во соседна Босна и Херцеговина“, но дека „хрватската претседателка признала дека полицијата со сила ги тера мигранитете преку границата“, пишува „Индекс“.

Изјавата на хрватката претседателка ја пренесоа и уште неколку светски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот