Светскиот вицешампион во карате Павлов ќе добива паричен надомест од Агенцијата за млади и спорт

Македонскиот каратист Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи/Фото: ams.gov.mk/

Денеска директорот на Агенција за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски одржа прес-конференција по повод историскиот успех на македонските каратисти на 25 сениорско Светско првенство во Дубаи.

Мојсовски по овој повод изјави дека македонските каратисти со овој успех покажаа и потврдија дека се врвни спортисти од светски ранг.

АМС, како и досега, ќе продолжи финансиски да ги поддржува нашите каратисти на сите големи натпреварувања.

Емил Павлов со пет победи и еден пораз во финалето од страна на светскиот шампион го заврши Светското првенство со сребрен медал. Ова претставува историски успех за македонското карате и историски успех на сите досегашни натпреварувања од страна на нашите каратисти.

По повод овој успех, Павлов од страна на Агенцијата ќе добива паричен надомест во период од четири години, и тоа во износ од две просечни плати во РСМ.

Видео на денот