Светскиот туризам изгуби 460 милијарди долари поради Ковид-19

Аланја, Туција / Фото: Unsplash

Оваа бројка е приближно петпати поголема од загубата на приходите од меѓународниот туризам забележана во 2009 година за време на тогашната глобална економска и финансиска криза.

Во првата половина на оваа година, поради глобалната пандемија на коронавирусот, забележани се 65 проценти помалку меѓународни туристички патувања во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Светската туристичка организација на Обединетите нации (УНВТО).

Според извештајот на УНВТО, големиот пад на туристичката побарувачка за меѓународно патување помеѓу јануари-јуни 2020 година предизвика загуба од 440 милиони меѓународни пристигнувања и приход од околу 460 милијарди долари од меѓународниот туризам.
Оваа бројка е приближно петпати поголема од загубата на приходите од меѓународниот туризам забележана во 2009 година за време на тогашната глобална економска и финансиска криза.

Извештајот покажа дека Азија и Пацификот, првиот регион што ги почувствувал ефектите на пандемијата на Ковид-19 врз туризмот, биле најтешко погодени, со пад на бројот на туристи за 72 проценти во периодот од шест месеци.
Следува Европа со пад на туристите за 66 проценти, Африка и Блискиот исток, со пад од 57 проценти и Америка со пад од 55 проценти.

УНВТО исто така соопшти дека 53 проценти од дестинациите ги ублажиле ограничувањата за патување на почетокот на септември.
Зураб Пололикашвили, генерален секретар на УНВТО, рече дека сега веќе е можно безбедно меѓународно патување во многу делови на светот.
Тој особено ја истакна потребата од подобра координација меѓу владите и приватниот сектор со цел повторно да се покрене глобалниот туризам и да се стабилизира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот