Светскиот шампион во скок со стап во аут поради ковид-19

Фото: EPA-EFE/Christine Olsson SWEDEN OUT

Двајца атлетичари во скок со стап го завршија настапот на Олимписките игри во Токио уште пред да почнат поради позитивни тестови на коронавирус, а неколку членови на австралискиот тим се во изолација.

Како што јавија светските медиуми, олимпиското натпреварување во скок со стап ќе биде посиромашно за двократниот светски првак Сем Кендрикс, како и за аргентинскиот натпреварувач Герман Чиаравиљо.

Неколку членови на австралискиот тим, кои биле во контакт со Кендрикс, се во изолација како мерка на претпазливост.

– Членовите на австралиската делегација се изолирани во своите соби по веста за позитивен наод на ковид-19 кај американскиот атлетичар – соопшти Австралискиот олимписки комитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот