Светскиот шампион нокаутиран од Турција (ВИДЕО)

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Турција под водство на новиот селектор Шенол Ѓунеш игра одлично, а потврда за тоа е победата од 2:0 над Франција. Турците дилемите околу победникот ги решија во првото полувреме, прво Ајлан во 30. минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна, фудбалерот на Рома, Ченгиз Ундер го постави конечниот резултат.

За разлика од Франција, сите останати фаворити забележаа победи. Белгија со головите на Мертенс, Кастањ и Лукаку со 3:0 ја победи Казахстан, а со идентичен резултат славеше и Италија на гостувањето кај Грција.

Барела, Инсиње и Бонучи стрелаа за „Аѕурите“, додека Германија со 2:0 и тоа благодарение на головите на Сане и Ројс како гостин ја совлада Белорусија.

Резултати:
Група Ц
Естонија – Северна Ирска 1:2
Белорусија – Германија 0:2

Група Е
Хрватска – Велс 2:1
Азербејџан – Унгарија 1:3

Група Х
Исланд – Албанија 1:0
Молдавија – Андора 1:0
Турција – Франција 2:0

Група И
Русија – Сан Марино 9:0
Шкотска – Кипар 2:1
Белгија – Казахстан 3:0

Група Ј
Финска – БиХ 2:0
Ерменија – Лихтенштајн 3:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот