Светскиот шампион Маркез со нов рекорд (ФОТО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Светскиот шампион Маркез со нов рекорд (ФОТО)

Зад Шпанецот пред стартот на главната трка ќе се најде тандемот на Петронас Јамаха, Франко Морбидели и Фабио Квартараро.

Светскиот шампион Марк Маркез за првпат во кариерата ја освои пол позицијата на Големата награда на Јапонија, па така ги комплетираше пол позициите на сите трки.

Возачот на Репсол Хонда во квалификациите беше најбрз со време 1:45.764 мин., а зад Шпанецот се наоѓа тандемот на Петронас Јамаха, Франко Морбидели со 132 и Фабио Квартараро.

На четвртото место е Маверик Вињалес од Монстер Енерџи Јамаха, од петтата позиција ќе стартува Кал Крачлоу од Хонда Кастрол.

Потоа, на шестата позиција е возачот на Прамак Рејсинг, Џек Милер. Следува тандемот на Дукати, Довициозо-Петручи, од деветтото место Алеш Еспаргаро, а „докторот“ Валентино Роси дури на 10. позиција.

Главната трка е на програмата в недела од 08.00 часот по средноевропско време. Во генералниот пласман кај возачите води Маркез со 325 бода. (кој веќе ја обезбеди својата шеста титула пред две недели), а второпласиарн е Довициозо (215). До крајот на сезоната во МотоГП шампионатот има уште четири трки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close