Светскиот првак пред елиминација, Данска убедлива против Црна Гора

epa08867478 Trine Oestergaard Jensen of Denmark in the EHF Euro 2020 European Women's Handball preliminary round match between Montenegro and Denmark at Jyske Bank Boxen in Herning, Denmark, 06 December 2020. EPA-EFE/HENNING BAGGER DENMARK OUT

Во последниот натпревар од денешниот ден на женското Европско првенство, домаќинот Данска оствари убедлив триумф над Црна Гора.

Данските ракометарки славеа со убедливи 28:19 и веќе си го обезбедија пласманот во наредната рунда.

По израмнетото прво полувреме кое заврши со предност од два гола за организаторот на ЕП (13:11), во второто полувреме избраничките на селекторот Јенсен потврдија зашто се сметаат за еден од главните фаворити за титулата. Со серија од 9:0 поведоа со 24:13 и ги решија дилемите околи победникот.

Бидструп, Остегард Јенсен и Педерсен беа најпрецизни кај Данска со по четир постигнати гола, додека кај Црна Гора најпрецизни беа поранешната вардарка, Јованка Радичевиќ и Рамусовиќ исто така со по четири постигнати гола.

Изненадувањето на вториот ден од ЕП го направи Хрватска која му го нанесе вториот пораз на светскиот шампион Холандија. Откако во првото коло загуби од Србија, светскиот шампион денеска со 27:25 е поразен и од Хрватска.

Доколку сака да се пласира во следната фаза, Холандија во последното коло мора да ја совлада Унгарија, а Србија да загуби од Хрватска по што ќе се создаде група од три селекции (Унгарија, Холандија, Србија) и каде ќе одлучува гол разликата.

Резултати:
Србија – Унгарија 25:38
Хрватска – Холандија 27:25
Словенија – Франција 17:27
Данска – Црна Гора 28:19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот