Светски вицешампион наскоро во дресот на Вардар? (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Десниот бек Танген годинава со најдобрата норвешка репрезентација го освои сребрениот медал на Европското првенство..

Се шпекулира името на Еивинд Танген како ново можно засилување за македонскиот ракометен шампион Вардар.

Норвежанецот игра на позицијата десен бек, 27-годишниот играч со својата репрезентација успеа годинава да го освои бронзениот медал на Европското првенство одржано во Шведска, Австрија и Норвешка.

Воедно со националната селекција во 2017 година дојде до сребро на Мундијалот во Франција, а истото го направи и две години подоцна во Германија и Данска.

Танген на клупски план досега ги бранеше боите на Скјерн, а претходно беше дел уште од Филинген Берген и Митјиланд.

Освен норвешкиот репрезентативец, со „црвено-црниот“ дрес се поврзуваат уште Никола Митревски, Владислав Остроушко, Филип Талески, Артсјом Кулак, Филип Чурлевски, Јуре Доленец, Гоце Георгиевски и Ненад Костески, барем како што вели „магичната“ Википедија.

фото: принтскрин/wikipedia/rkvardar

На располагање треба да биде десниот бек Томислав Јагуриновски од Металург, а тренерот Стевче Алушовски го очекува и Русинот Дмитри Санталов.

Наскоро новиот старо-новиот сопственик Михајло Михајловски треба да ја запознае јавноста со следните планови на Вардар, а досега доста сериозни на трансфер пазарот се покажуваат Металург и Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот