Светски шампион се спаси од затвор, татко му ќе лежи 19 години

Винченцо Јакинта успеа да се спаси, но затоа неговиот татко доби голема затворска казна откако се докажа дека помагал на една од најопасните мафии во Италија, Ндрангета од Калабрија. Таткото на Јакинта ќе мора да мине 19 години во затвор.

Фудбалерот во октомври минатата година првично беше осуден на две години затвор поради поседување на оружје во куќата на својот татко, иако тоа оружје било легално. Но, сега таа казна му е поништена со образложение дека Јакинта не помагал на организацијата, туку му помагал на својот татко.

За разлика од него, Џузепе Јакинта доби жестока казна, поради тоа што „бил стратешки важна фигура во мафијашката организација“.

Виченцо Јакинта е роден во местото Кутро во близина на Кротоне во Калабрија, регионот каде се формира злогласната Ндрангета. Најголем бизнис им е шверц на кокаин од Јужна Америка.

Винченцо Јакинта беше дел од италијанската репрезентиција која во 2006 година триумфира на Светското првенство, додека на клупски план, дури 14 години настапуваше во Серија А, за екипите на Удинезе и на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот