„СВЕТСКИ РЕКОРД“: Килијан Мбапе си оди за 225 милиони евра!?

twitter.com/Socia1RMadrid

Шпанците повторно испраќаат „бомбастични“ информации, поточно добро познатиот новинар Едуардо Инда кој тврди дека секогаш има ексклузивни информации вели дека е практично „постигнат договор“ помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Младиот Французин ги информираше Леонардо и Ал-Келаифи дека не сака да го продолжи договорот со париските „светци“ кој му истекува во 2022 година и наредното лето ќе ја прифати понудата на Реал.

Тој ги договори условите, ќе биде платен 35 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од важечката која ја има моментно во Париз, а покрај Меси и Нејмар, ќе биде најплатениот фудбалер на планетата.

Какви се деталите од договорот кој се најавува помеѓу клубовите? Реал ќе плати светски рекорд од 225 милиони евра, три повеќе од Барса колку што доби од ПСЖ за Нејмар, а уште 50 како бонуси, едни лесно би се реализирале, а други како поврзани за успесите на „кралевите“ и индивидуални признанија на најталентираниот играч на светот.

Мбапе моментно е повреден, нема да игра в среда против Реал, и самиот Леонардо рече дека ќе мора да го продаде, доколку не го продолжи договорот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот