Светски економски форум: ФИСКАЛНАТА КРИЗА е најголема закана

Потенцијалните фискални кризи се најголем ризик за глобалниот бизнис, според новата студија на Светскиот економски форум (WEF), која во исто време открива големи разлики во погледите меѓу регионите во светот кои се опфатени со ова прашање.

Така, во Северна Америка и Европа, сајбер нападите се карактеризираат како најголем ризик, додека ризиците од животната средина и природните непогоди се најголема загриженост во Јужна Азија, Источна Азија и Пацификот, пренесува „Ројтерс“.

Севкупно, сепак, фискалната криза е на врвот на ризиците што го загрозуваат глобалниот бизнис во текот на следните десет години, проследени со сајбер нападите и невработеност или недоволно вработување, се вели во истражувањето на „WEF“ помеѓу 12.897 деловни лидери од 133 земји низ целиот свет.

– Во време кога глобалниот економски раст се чини кревок, деловните лидери се длабоко загрижени за фискалната еластичност на нивните земји – вели Емилио Гранадос-Франко, шеф на Глобалната агенда за ризици на „WEF“. – Во исто време, сајбер-заканата останува најголем ризик заради нејзината брза еволуција – додаде тој.

– „Шокот на цените на енергијата“ е на четвртото место меѓу најголемите закани во проценката на светските бизнисмени, петтиот е поврзан со „неуспехот во националното управување“, а на шестото место е „длабоката социјална нестабилност“.

На Блискиот исток и Северна Африка „енергетскиот шок“ е водечки ризик заради континуираната нестабилност на цените и производството, а во субсахарска Африка е невработеноста кај младите која е над 13 проценти, деловните лидери се загрижени од неможноста на нивните економии да создадат работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот