СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА ОД САМОУБИСТВО: Само два збора можат да направат разлика

самоубиство заштита

Во 2018 година во Македонија, според податоците од Државниот завод за статистика, од вкупниот број смртни случаи на насилна смрт, дури 26,4 % од несреќите се последица на самоубиство.

Денот за заштита од самоубиство е ден кој симболизира покренување на свесноста околу оваа појава. Првпат е одбележан во 2003 година, во организација на Интернационалната асоцијација за превенција од самоубиства, во соработка со Светската здравствена организација и Светската федерација за ментално здравје.

Според податоците на СЗО, една од 10.000 личности извршува самоубиство. На секои три самоубиства на машко лице, се самоубива една жена, но обидите за самоубиство се почести кај жените (а со помала „успешност“ споредено со мажите). Самоубиството е 13. причина за смрт на светско ниво.

„Како си?“, тоа се двата магични збора, а само оние кои ги боли знаат колку топло греат!⁣⁣

View this post on Instagram

⚡️ Многу е важно да застанеш и она човечкото во тебе да те поттикне да го поставиш единственото битно прашање, од само два збора, што може да создаде нов свет на разлика за некој што се чувствува само и изолирано, додека се бори да најде причина за живот, давејќи се во длабоките води на болката.⁣⁣ ⁣⁣ „Како си?“ Тоа се двата магични збора дечки, а само оние кои ги боли знаат колку топло греат!⁣⁣ ⁣⁣ Од 1994 година до денешен ден, во Македонија без исклучок има над 100 самоубиства на годишно ниво. Во 2018 година во Македонија, според податоците од Државниот завод за статистика, од вкупниот број смртни случаи на насилна смрт, дури 26,4 % од несреќите се последица на самоубиство…⁣⁣ ⁣⁣ ♥️ Еј! Колку и да мислиш дека болката нема крај, самоубиството никогаш не е решение. Доколку се чуствуваш сам/а и сметаш дека нема никој, пиши ни – тука имаш пријател. ♥️⁣ ⁣ #WorldSuicidePreventionDay⁣ #WSPD

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот