Светски ден на мачките: Од голема љубов кон нив до многубројни суеверија

мачки
Светски ден на мачките / Фото: Pexels

Денеска е Светски ден на мачките, посветен на начините за посвојување на сите оние кои завршиле на улица или во засолништа.

Заедно со кучињата, мачките се најпопуларните миленичиња во светот и се апсолутни ѕвезди на Интернет, каде што се едни од најпребаруваните поими. На „Јутјуб“ најпопуларната платформа за гледање видеа, корисниците минатата година пребарувале видеа со мачки 26 милијарди пати.

мачка
Фото: Unsplash / Nirzar Pangarkar

Но, за жал, оваа популарност не овозможи секоја од нив да има свој дом, а со оваа мисла во 2002 година, Меѓународниот фонд за благосостојба на животните (IFAW) го започна Светскиот ден на мачките, со цел да се слават мачките и да се најдат начини да се спречи нивното завршување на улиците.

Се вели дека во светот живеат стотици милиони мачки, а познати се околу 60 од нивните видови. Долго време се веруваше дека припитомувањето на мачките започнало уште во древниот Египет, каде што биле обожувани уште три илјади години пред Христа. Сепак, неодамнешните откритија во археологијата и генетиката покажаа дека мачките биле припитомени уште пред 9.500 години во Западна Азија.

Unsplash
Мачка / Фото: Unsplash/Gaelle Marcel

Суеверија за мачките

Иако неколку цивилизации низ историјата мачките ги сметале за свети и се дел од многу митологии, многу суеверија, главно негативни, се поврзани со овие четириножни цицачи.

Едно од попознатите суеверија е дека средбата со црна мачка која ви го преминува патот носи лоша среќа, како и дека мачките се придружници на вештерки кои ја зголемуваат моќта на вештерките. Во 16 век, луѓето палеле живи мачки, го собирале жарот и ги носеле дома, верувајќи дека тоа ќе донесе среќа.

Според еден мит присутен во многу култури, мачките имаат неколку животи. Во многу земји се верува дека имаат девет животи, а во Италија, Германија, Бразил, Грција и некои региони во кои се зборува шпански се верува дека имаат седум, а арапските традиции зборуваат за шест животи.

Фотографија: Profimedia

Митот е во согласност со природната агилност и брзина со која мачките бегаат од опасни по живот ситуации. Тоа го потврдува и фактот што мачките често при паѓање успеваат да паднат на нозе.

Самиот живот на мачката крие многу интересни информации. Тие во просек спијат од 12 до 14 часа на ден, а третина од часовите кога се будни поминуваат во дотерување и миење. Белите мачки со сини очи често се раѓаат глуви, додека сите мачки имаат дури 14 пати подобро сетило за мирис од луѓето, а нивното видно поле е широко 220 степени, 40 степени повеќе од човечкото.

Муцката на мачката е уникатна како и оригиналниот човечки отпечаток. Идејата да се има мачка како домашно милениче е поддржана, меѓу другото, и со фактот дека мачките можат да ја разберат човечката благосостојба и емоции.

Еве и неколку интересни видеа со мачки:

 

Овој остров е кралство на мачки, има четири пати повеќе мачки од луѓе

 

ВИДЕО | Пар вдомил анксиозен мачор, a потоа се случила неверојатна промена

 

ВИДЕО | „Преслатко“: Кога ѝ треба одмор, мачка ги носи своите мачиња на чување кај куче

ВИДЕО | Оваа мачка толку многу сака да се гали што им прави проблеми на ветеринарите

 

ВИДЕО | Кутре ретривер тажно квичи: Oна што го направи мачката ќе ве разнежни

 

ВИДЕО | Ветеринар ги воодушеви луѓето со тест кој открива каков е карактерот на вашето милениче

Видео на денот