СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО: Во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Сите Сме=Во Правата“

По повод Светскиот ден на детето и одбележувањето на 30 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, денеска во Домот на Армијата во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Сите Сме = Во Правата”, на кој учествуваат деца од градинки, основни и средни училишта од повеќе градови од Републиката.

Настанот е организиран од Институцијата Народен правобранител во соработка со Коалицијата на младински организации „Сега” од Прилеп, Управата за развој и унапредување на образованието и јазиците на припадниците на заедниците, како и детската фондација „Песталоци”.

По тој повод, омбудсманот Иџет Мемети пред седиштето на Канцеларијата на народниот правобранител ќе даде изјава за медиумите и ќе упати порака за Светскиот ден на детето.

Како што информираат од Канцеларијата на народниот правобранител, по завршување на пригодната свеченост точно напладне, децата пред зградата на Собранието на Македонија на претседателот на Парламентот, Талат Џафери ќе му го прочитаат и предадат „Барањето од децата за правата на децата”.

Настанот ќе заврши на плоштадот „Македонија” каде учесниците ќе пуштат балони во разни бои, со што симболично ќе упатат порака за еднаквост на децата во правата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот