13 C
Скопје

Светски aгенции: Екстремистите со нападите ја предизвикаа полицијата и немирите во Србија

АП објави дека непосредна причина за демонстрациите во Белград и Нови Сад е најавата за повторно воведување на полициски час и други, построги мерки против ширење на коронавирусот.

Светските агенции вечерва известуваат за протестите во Белград и Нови Сад, а американската АП посочува дека силите за јавна безбедност, полицијата, коњаницата и специјалните анти-терористички сили во заедничка акција користеле солзавец и оклопни возила при разбивање на насилните, претежно екстремно десничарски демонстранти.

Би-Би-Си известува дека демонстрациите во  Белград вчера почнале како мирни, но дека ескалирале кога припадници на екстремно десничарските организации им се придружиле на незадоволните граѓани и со своите агресивни напади врз припадниците на безбедносните сили ги предизвикале полициските реакции.

Како иницијална причина за демонстрациите, репортерот на Би-Би-Си го наведува повторното воведување на рестриктивните мерки и сомневања дека владата го прикривала „точниот број на смртни случаи во текот на првите недели од епидемијата на коронавирус во Србија”.

Други западни медиуми информираа и за демонстрациите во Белград и Нови Сад, тврдејќи дека и полицајци и демонстранти се повредени и дека околу зградата на парламентот, претседателството и другите институции се поставени полициски барикади и нагласено големи сили на редот.

АП објави дека непосредна причина за демонстрациите во Белград и Нови Сад е најавата за повторно воведување на полициски час и други, построги мерки против ширење на коронавирусот.

Иако претседателот Вучиќ денеска одржа прес-конференција и најави дека Кризниот штаб решил да не воведува полициски час во Белград, тоа не ги поколеба огорчените демонстрантите од обидот и денеска да изведат насилен упад во зградата на српскиот Парламент, фрлајќи камења и шишиња кон полицијата, соопшти агенцијата.

Ројтерс потсетува дека насилните протести започнаа вчера и покрај предупредувањата дека секој јавен собир носи ризик од ширење на коронавирусот.

Поврзани вести

Вучиќ: Вложија повеќе од 1,2 милијарди евра за да ме срушат од власт

Филипче: Вечерва пристигнаа 38 400 вакцини од производителот „Астра-Зенека“

Слободен печат

Откриена е позадината на големата израелска акција: „Веста за инвазијата беше стапица“

Ерменија побара воена помош од Русија поради тензиите со Азербејџан

Горан Наумовски

Словенија го постави израелското знаме на зградата на Владата

Горан Наумовски

Поранешен припадник на зелените беретки во САД осуден за шпионажа во полза на Русија 

МИА Агенција

Остави Коментар