Светската здравствена организација ја пофали Кина за мерките против коронавирусот

Фото: ЕПА

Стратешкиот и тактичен пристап што сега го презема Кина е вистинскиот- рече директорот за управување со вонредни состојби на СЗО , Мајк Рајан, на прес конференцијата, прашан за карантинот и здравствениот надзор во Кина.

Строгите здравствени мерки спроведени од Кина го одложија ширењето на коронавирусот за два до три дена внатре во земјата, односно за две до три недели во странство, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

-Стратешкиот и тактичен пристап што сега го презема Кина е вистинскиот- рече директорот за управување со вонредни состојби на СЗО , Мајк Рајан, на прес конференцијата, прашан за карантинот и здравствениот надзор во Кина.

Рајан го оцени третманот на јапонските власти со крстосувачот „ Diamond Princess “ на кој се шири вирусот додека бродот е изолиран при пристигнувањето на пристаништето во Јокохама.

„Несреќен развој на настаните се случи на тој брод“, рече Рајан.

Тој истакна дека бродовите и хотелите се познати како добра подлога за ширење на вирусот и заклучи дека би било важно да се научат лекциите од случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот