Светската федерација на глуви задоволна од достапноста на информациите за јавното здравство до глувите лица

Светската федерација на глуви со задоволство истакнува дека пристапот до важните брифинзи за јавно здравство од страна на владини претставници стануваат достапни на националните знаковни јазици во многу земји низ целиот свет.

– Идентификувавме повеќе од 80 земји со толкување на знаковниот јазик на прес-конференциите поврзани со пандемијата на Ковид-19, наведува Светската федерација на глуви, објавувајќи фотографии од прес-конференции на официјални владини и државни претставници, меѓу кои и од Република Северна Македонија.

Во тој контекст, глувите лица и толкувачите во нашата држава велат дека пристапноста до информации за глувите обезбедени од државните институции, никогаш не биле на вакво високо ниво како сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот