СВЕТСКА ПРЕМИЕРА: Новиот Audi RS6 Avant – караван со 600 „коња“ (ФОТО+ВИДЕО)

Во година во која Audi слави 25 години од лансирањето на својот прв RS модел, дебитираше најновиот RS6 Avant со нагласен агресивен дизајн на надворешноста и моќна „ергела“ под хаубата.

Автомобилот дури и во мирување јасно им нагласува на набљудувачите дека станува збор за караван со врвни спортски перформанси. Oд големи отвори за воздух на предниот дел од возило, па до двојните издуви и масивниот дифузер позади – новиот Audi RS6 Avant никого нема да остави рамнодушен.

За погон е избран 4.0-литарски twin-turbo V8 со 600 ks (441 kW) и 800 Nm максимален вртежен момент, па со тоа овој автомобил стана најмоќниот RS6 Avant досега (во основна верзија, без доплата на пакетот со подобрувања). Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на 8-брзинскиот Tiptronic автоматик и системот quattro на Audi, па RS6 Avant зa 2020. од место до стотка за само 3,6 секунди!

Максималната брзина фабрички е ограничена на 250 km/h, но лимитот може да се подигне на 280 km/h доколку се нарача дополнителниот Dynamic пакет, па дури и на 305 km/h со изборниот пакет на опрема Dynamic Plus. Oвие два пакети, покрај поголемата максимална, имаат и подобри возни карактеристики, велат од Audi.

RS6 Avant зa 2020. година за прв пат има стандардно адаптивна суспензија. Системот на стартот е за 20 mm понизок во однос на обичниот A6 Avant, но при брзина поголема од 120 km/h aвтомобилот се спушта за уште 10 mm.

Од друга страна, адаптивната суспензија овозможува каросеријата да се подгине за 20 mm при мали брзини, што е корисно при возењето низ градски средини, при преминувањето на „легнати полицајци“ или при влез во гаражи со стрмни рампи.

Кога станува збор за практичноста, RS6 Avant располага со багажник со зафатнина од 565 литри, кој може да се зголеми со наслонување на задништата на максимални 1.680 литри.

Во кабината може да се види најновата верзија на „виртуелниот кокпит“ на Audi опфаќа MMI мултимедија со екран чувствителен на допир, како и head-up дисплеј. Во моделот RS6 Avant овој систем има посебни дополнителни карактеристики за RS автомобилите, како што е покажувачот на G-силата, мерач за температура и притисокот внатре во погонскиот систем или специјален графички приказ.

Audi RS6 Avant зa 2020. година за прв пат пред публика ќе се појави на франкфуртскио авто-саем, а во европските продажни салони пристигнува на почетокот на следната година. Цената засега не е соопштена.

[foogallery id=”71931″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот