Светска премиера – MINI на електрична енергија (ВИДЕО)

MINI Cooper SE е базиран на стандардниот модел со три врати, а го придвижува електромотор со моќност од 184 KS и 270 Nm со кој забрзува од 0 до 60 km/h зa 3,9 секунди, а 7,3 секунди до 100 km/h.

Батерискиот систем од 32,6 kWh овозможува автономија од 235 до 270 километри помеѓу две полнења, а преку DC брзиот полнач може да се наполни до капацитет од 80% за 35 минути.

Cooper SE го задржа капацитетот на багажникот како кај стандардниот модел од 211 литри, додека со навалена задна клупа тој се зголемува до 731 литри.

Што се однесува до опремата, стандардниот пакет има LED фарови, двозонска клима, 6,5 инчен мултимедијален систем за навигација и помошно греење.

Со доплата се добива поголем 8,8 инчен екран, кожен тапацир, посебно дизајнирани бандажи, седишта и изглед на кабината.

BMW електричниот MINI ќе го произведува во својот погон во Англија, а првите возила до купувачите ќе пристигнат во текот на пролетта идната година, соопштија од германскиот производител.

– Електричниот MINI ќе ја започне офанзивата на нашите нови модели кои се целосно електрични. До 2023. година, две години пред рокот, ќе имаме 25 електрични модели на пазарот. Повеќе од половина ќе бидат целосно електрични – рече Оливер Клипс, шефот на производство, кој според неименувани извори ќе стане нов извршен директор на BMW.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот