Светска банка: Заем за Србија за одржување на железничката инфраструктура

светска банка
Светска банка / Фото: МИА

Србија ќе добие заем од 65 милиони долари од Светска банка за одржување на нејзината железничка инфраструктура, соопшти Банката. „Овој заем ја претставува втората транша од повеќефазниот програмски пристап (MPA) за Проектот за модернизација на железничкиот сектор во Србија, преку кој ѝ се помага на оваа земја да изгради побезбеден, поефикасен и попријатен за климата железнички сектор.

Србија во претходниот период инвестираше значителни средства во проширувањето на својата железничка мрежа: според проценките досега се инвестирани повеќе од 2,3 милијарди долари, а продолжување на инвестициите се очекува во следните пет до шест години, стои во соопштението на Светска банка, објави порталот Данас.

Редовното одржување е од клучно значење за да се зачуваат резултатите од обемните јавни инвестиции, но и да се обезбеди квалитетот и безбедноста на овие клучни услуги за јавен транспорт.

„Целта на оваа фаза од проектот е да се зголеми капацитетот за подобро одржување на постојната железничка инфраструктура, да се модернизираат капацитетите за одржување на железницата и да се подобри управувањето и планирањето на средствата“, изјави Никола Понтара, директор на Канцеларијата на Светска банка во Србија.

– Во оваа фаза од програмата се отвора можноста за поголемо учество на приватниот сектор во изградбата на интермодални објекти и приклучоци на ниво на „последниот километар“ од мрежата – додаде Понтара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот