Светска банка одобри 1,9 милијарди американски долари за надминување на последиците од пандемијата

Светска банка денеска го одобри првичниот глобален пакет од 1,9 милијарди американски долари за надминување на кризата предизвикана од пандемија на вирусот што 25 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и оние во Европа и Централна Азија, ќе можат да го примат и користат по итна постапка.

Покрај тоа, како што одлучи Одборот на директори на Светска банка, неколку земји добиваат поддршка од главниот глобален кредитор преку други средства за финансирање, вклучително и предвремено повлекување или реструктуирање на постојни проекти и кредити.

„Земјите ширум Европа и Централна Азија, како и во другите делови на светот, се соочуваат со вонредна здравствена ситуација што има непосредни социјални и економски импликации и каква не е видена во скоро минато”, рече потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Кирил Милер.

Според Банката, повеќе од десет земји ширум Европа и Централна Азија моментално разговараат за проекти со Светската банка за ублажување и решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот