Светска банка ќе престане да го финансира Либан ако продолжи вакцинацијата „преку врска“

светска банка
Светска банка / Фото: МИА

Поради тврдењата дека некои пратеници и други либански официјални лица биле вакцинирани „преку врска“, Светска банка денес се закани дека ќе го прекине финансирањето за набавка на вакцини за таа земја сè додека не се испита.

Либански службеник кој ја надгледува вакцинацијата ја нарече одлуката на Светска банка „срамна“ и се закани дека ќе поднесе оставка, а Либанците протестираат на социјалните мрежи поради злоупотребата на корумпирани политичари.

За вакцинацијата, која започна на 14 февруари, Либан прими само 60.000 дози вакцина Фајзер / Бионтек.

И покрај тоа што според планотпрво треба да се вакцинира здравствениот персонал и граѓаните постари од 75 години, претседателот на Здружението на либански лекари, Шараф Абу Шараф, рече дека луѓе кои не биле на списокот за вакцинација биле вакцинирани.

Покрај тоа, извештаите во медиумите за групна вакцинација на пратеници, во зградата на Парламентот, предизвикаа отворен гнев кај населението, кое со месеци чекаше да започне вакцинацијата и се пријавуваше од јануари.

Вечерва беше објавено дека заедно со претседателот на Либан, Мишел Аун (86), вакцинирани се десет лица од неговиот совет.

Светска банка, главниот финансиер на борбата против коронавирусот во Либан, одобри 34 милиони долари за вакцинирање на два милиони од вкупно шест милиони жители.

Суспензијата на таа помош ќе има сериозни последици бидејќи Владата на Либан нема пари, а таа земја е во длабока финансиска и економска криза и зависи од странската помош.

За време на епидемијата во Либан, евидентирани се 356.000 случаи на инфекција, а повеќе од 4.000 луѓе починале. Во последно време, бројот на пациенти расте, што ги надмина болниците веќе оптоварени од кризата.

Светската банка и Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина потпишаа договор за следење на вакцинацијата во Либан заради децениите на корупција и лошо управување со земјата, која е пред банкрот и распаѓање.

Извор.Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот