Светска банка ја намали глобалната прогноза за 2021 година

светска банка
Светска банка / Фото: МИА

Светска банка ги намали своите перспективи за глобалната економија и предупреди дека ситуацијата може да се влоши ако инфекциите со Ковид-19 се зголемат или се забави спроведувањето на вакцинацијата.

По намалувањето од 4,3 проценти во 2020 година, глобалната економија се очекува да порасне за 4,0 отсто оваа година, за две десетини пониско од претходно предвиденото, бидејќи повеќе од половина од земјите ги намалија прогнозите во полугодишниот извештај на „Глобал Економик Проспектс” (Global Economic Prospects).

Извештајот предупредува дека изгледите остануваат „многу несигурни” и дека растот на БДП може да биде едвај 1,6 отсто доколку се остварат негативните прогнози.

Пандемијата на коронавирус ги влоши ризиците околу зголемувањето на долгот во земјите во развој и ќе бидат потребни глобални напори за да се избегне нова криза, предупреди Светска банка.

Со исклучок на Кина, полугодишниот извештај на Светска банка за глобалните економски перспективи предвидува дека пазарите во развој и земјите во развој ќе растат за само 3,4 отсто оваа година по намалувањето за 5,0 отсто во 2020 година. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот