Светска банка: Блискиот исток и Северна Африка ќе имаат економски пад од 5,2 проценти

светска банка
Светска банка / Фото: МИА

Светска банка соопшти дека пандемијата на коронавирусот и падот на цената на нафтата влијае на сите аспекти на економијата на Блискиот исток и Северна Африка и дека во 2020 година се очекува економски пад од 5,2 проценти во овие региони.

Новата проекција на Светска банка е за 4,1 процент пониска отколку во април и за 7,8 проценти полоша од онаа од октомври 2019 година.

„Прогнозата ги одразува сè попесимистичките изгледи за Северна Африка и Блискиот исток, кои се резултат на пандемијата на коронавирусот и наглото опаѓање на цените на нафтата”, се наведува во извештајот.

Потпретседателот на Светска банка за регионот на Блискиот исток и Северна Африка, Ферид Белхај рече дека областа е „економски заостаната дури и пред да се појави пандемијата на корона вирусот”.

– По шест месеци пандемија, можеме јасно да ја видиме тежината на влијанието врз животот, егзистенцијата и просперитетот на целиот регион, рече Белхај.

Светска банка сега предвидува дека јавниот долг на земјите во тој регион значително ќе се зголеми во следните неколку години, од околу 45 проценти од бруто домашниот производ во 2019 година на 58 проценти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот