СВЕТОТ ВО ШОК! Американската морнарица потврди: 3 снимки на НЛО кои ги направиле американските пилоти се АВТЕНТИЧНИ! (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

СВЕТОТ ВО ШОК! Американската морнарица потврди: 3 снимки на НЛО кои ги направиле американските пилоти се АВТЕНТИЧНИ! (ВИДЕО)

Овие снимки се направени во 2004 и 2015 година, објави Њујорк Тајмс.

Американската морнарица ја потврди автентичноста на видео снимките кои ги направиле нејзините пилоти, а кои се однесуваат на средбите со непознати летечки објекти (НЛО).

Овие снимки се направени во 2004 и 2015 година, објави Њујорк Тајмс.

Морнарицата на САД тврди дека на снимките се гледаат „непознати воздушни феномени“, со напомена дека не требало никогаш да бидат објавени во јавноста. Снимките кои и денес се достапни на Јутјуб, покренаа нова лавина на теории на завери за постоење на вонземјани. Тие се наречени FLIR 1“, „Gimbal“, и „GoFast“. На нив се прикажуваат две ситуации во кои пилотите на морнарицата на САД се сретнале со непознати летечки објекти.

Еден од нив е снимен во 2015 година над источниот брег на САД. Го снимил пилотот на авион Ф-18. Другите два се снимени над Пацификот, недалеку од брегот на Калифорнија. На нив се слушаат и пилотите, исто така од авион тип Ф-18, како разговараат за непознатите објекти.

Џозеф Грејдишер, портпарол на морнарицата, за порталот Блек волт рекол дека армијата „објектите во тие снимки ги означила како неидентификуван воздушен феномен“. Пентагон признава дека овие објекти не може да се идентификуваат, како ниту да се објасни нивната појава.

Надлежните тврдат дека снимките не требало да се пуштат во јавност. Пентагон во јуни ги известил сенаторите за снимките во НЛО, а претседателот на САД, Доналд Трамп во едно интервју на 16 јуни потврдил дека е известен за овие случувања, како и дека се сомнева дека се работи за вонземјани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close