Светот влегува во специјална воена операција „сите против сите“, меѓународното право не важи

Џо Бајден - Владимир Путин - Си Џипинг / Монтажа: Слободен печат. / Иван Самарџиев

Западниот „поредок заснован на правила“ ја отвори Пандорината кутија. Се чини дека нормите на меѓународното право повеќе не важат. Се добива впечаток дека започнала „војна на секој против секого“. Ова е сублимиран заклучок на повеќе светски медиуми кои пишуваат и ги анализираат последните светски случувања и чекори на политичарите.

Украина и американската помош

Имено, како што наведува „Фајнешел тајмс“, Украина во моментов е домаќин на американска воена делегација. Винфилд Свантон, директор за украински прашања во Советот за национална безбедност на САД, и неговиот тим, пристигнаа во Киев на 8 јануари за да разговараат за резултатите од американската помош за Украина во текот на 2024 година и да ја планираат соработката меѓу министерствата за одбрана за 2025 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Доналд Трамп/ Фото: EPA-EFE

Сето ова се случува додека новиот американски претседател Доналд Трамп повика на итен прекин на конфликтот, практично ја призна легитимноста на постапките на Русија и ги означи Џо Бајден и неговиот тим како главни виновници за крвопролевањето и военото фијаско на Западот во Украина.

Русија и крајот на меѓународниот поредок

Во меѓувреме руската специјална воена операција одамна го надмина значењето на локалниот конфликт и престана да биде само директен одговор на Москва на плановите на НАТО за нејзино проширување на Исток. До почетокот на 2025 година, целиот свет се однесува како администрацијата на Џо Бајден да го скршила системот на меѓународни односи. Се чини како Русија прва да препозна што се случува.

Во САД, соочени со длабока поделба меѓу десницата и левицата, се чини дека решиле да го применат „руското искуство од специјалните воени операции“. Без вистински надворешен непријател, Данска, Канада и Панама беа прогласени за закани за националните интереси.

Деновиве Доналд Трамп изјави дека Гренланд и Панамскиот канал треба да бидат под контрола на САД, не исклучувајќи ја употребата на воена сила, а во исто време  се закани со „економски мерки“ дека може да ја анектира Канада.

Слично на Трамп, Илон Маск, најбогатиот човек на светот и член на тимот на Трамп, иронично ја коментираше изјавата на канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо, нарекувајќи го Трудо „девојка која повеќе не е гувернер на Канада, па според тоа не е важно што ќе каже тој“.

Конфликти на Кавказ

Паралелно на ова, во Азербејџан, претседателот Илхам Алиев ја прифати идејата за „денацификација“ и најави елиминација на „ерменскиот фашизам“. Тој изјави дека ќе го „отвори коридорот Зангезур“ кон Нахчиван, бидејќи Ерменија не треба да биде пречка меѓу Турција и Азербејџан.

„Колку побрзо разберат, толку подобро. Мора да имаме директен пат до Нахчиван“, рече Алиев.

Специјална операција на Ердоган во Сирија

Од друга страна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе започне „специјална операција“ против Курдите во Сирија.

Фото: EPA-EFE/TURKISH DEFENSE MINISTRY

„Членовите на Работничката партија на Курдистан мора веднаш да го остават оружјето и да ја напуштат сириската територија. Ако тоа не се случи, ќе започнеме воена операција“ – изјави турскиот претседател Ердоган.

Израел и Блискиот Исток

Истовремено Израел, под изговор дека ги штити националните интереси, продолжува со заземањето територии во југозападна Сирија и врши геноцид врз цивилите во Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека падот на режимот на Башар ал Асад е последица на последните израелски акции.

„Израел го менува лицето на целиот Блиски Исток“, изјави Нетанјаху.

Јемен и политиката на ОАЕ

Во Јемен, Обединетите Арапски Емирати ја продолжуваат својата де факто анексија на островот Сокотра и спроведуваат политика на поделба на земјата.

Крај на „Вашингтонскиот светски поредок“?

Овие и многу други локални конфликти се знак дека доаѓа природниот крај на „Вашингтонскиот светски поредок“ и на „одговорното американско лидерство“, барем во формата што ја знаевме досега. Светот, во извесна смисла, полуде, забележуваат повеќето угледни светски медиуми. Третата светска војна сега се заканува повеќе не поради економски причини или експанзионистичка политика, туку поради стравот на секоја нација дека ќе се најде во беззаконие, опкружена со непријатели и без сојузници на кои може да им верува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот