Светот успешно закрепнува: Од почетокот на пандемијата се излечени повеќе од еден милион луѓе

Бројот на лица кои закрепнале од вирусот Ковид-19 низ светот премина еден милион и сега изнесува 1.001.008.

Тоа е речиси третина од вкупно заразените 3.220.847, додека третина од заболените се наоѓаат во САД – 1.064.572, покажале последните податоци објавени на сајтот „Worldometers“.

Дел од медицинскиот персонал во болницата Моунт Синаи на Менхетн, клиника која изминатиов период прими и излечи голем број пациенти / 24 април 2020, Менхент, Њујорк, САД / Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Од вкупно заразените 228.239 лица починале, додека три отсто се наоѓаат во критична состојба.

После САД кои се најмногу погодени од коронавирусот, најмногу заболени има во Шпанија – 236.899, а најмногу починати во Италија – 27.682, а веднаш зад нив се Франција, Германија, Турција и Русија.

Луѓе на нивните балкони се приклучуваат на дневниот предизвик да се искаже благодарност за здравствени работници / 24 април 2020, Барселона, Шпанија / Фото: EPA-EFE/MARTA PEREZ

Кина во која се појави вирусот е на 10-то место по бројот на заболени, зад Иран и Русија, а од Јужна Америка најмногу погоден е Бразил каде расте бројот на починати и заболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот