Светот со ковид-19 од почеток на пандемијата: Над два и пол милиони смртни случаи и преку 112 милиони заразени лица

Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Над два и пол милиона луѓе во светот починале од коронавирус од почетокот на епидемијата, покажува најновиот биланс што го објавија светските агенции.

Од ковид-19 досега починале точно 2.500.172 милиони лица, додека 112.618.488 се инфицирале со вирусот.

Европа е најпогодена област со 842.894 смртни случаи, пред Латинска Америка и Карибите (667.972) и САД и Канада (528.039).

Пет земји – САД, Бразил, Мексико, Индија и Велика Британија учествуваат со речиси половина од сите смртни случаи во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот