Светот нема ништо да ви подари, верувајте ми – Ако сакате да имате живот, украдете го: Највредните цитати на Гијом Мисо!

Секој треба да ги прочита неговите зборови…

Гијом Мисо се стекна со слава со неверојатна брзина и успеа да ги освои срцата на многу читатели ширум светот. Тој е еден од омилените француски писатели. Роден е во 1974 година во градот Антиб во Франција. Иако по професија е професор по економија, уште како дете тој многу ги сакал литературата и филмовите, па токму затоа започнал да пишува уште кога бил студент. Неговите дела се преведени на над 36 јазици.  

Покрај книгите што ги пишува, тој е познат и по неговите мудри зборови кои постојано се раскажуваат.

 Овие совети треба внимателно да ги прочитате:

  • Ако ги погазиме сопствените вредности, сме погазиле се.
  • Судбината е изговор за оние кои одбиваат да ја преземат одговорноста за сопствениот живот.
  • Понекогаш мора да ја свртиме страницата за да можеме да напишеме нешто ново на следната.
  • Светот нема да ви подари ништо, верувајте ми. Ако сакате да имате живот, украдете го.
  • Најубавите години се оние што допрва треба да гидоживеете.
  • И со последниот здив, сфаќам се: дека времетоне постои, дека животот е единственото нешто што го имаме, дека никогаш не треба да се презира, дека сите ние сме едно и дека она најважното секогаш ни се провлекува.
  • Ништо не може да излаже повеќе од фотографијата: веруваме дека сме овековечиле еден среќен момент, но ниесамо сме создале носталгија .
  • Постојат случувања чиј тек не можеме да го запреме. Тоа мора да се случи, тоа се случува, без оглед на сите наши обиди да го спречиме.
  • Љубовта секогаш е опасна. Да се љуби, значи да се надевате и покрај ризикот да изгубите се. Понекогаш, љубов значи да прифатите дека ќе љубите повеќе отколку што ќе бидете љубени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот