Светот на пукнатини и линии на поделби не е одржлив

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ја пофали улогата на УНЕСКО во одбраната на мултилатерализмот во светот кој има според него  пет главни „поделби”, започнувајќи од сино-американските тензии, јави дописникот на МИА.

– Светот на пукнатини и линии на поделби не е одржлив. Во овој контекст, улогата на УНЕСКО е клучна за зближување на светот- изјави Гутереш на отворањето на 40. Генерална конференција на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации.

УНЕСКО има 193 земји-членки, но членки не се САД и Израел. Вашингтон, го обвини УНЕСКО дека е „анти-израелски” и го најави своето заминување на претходната Генерална конференција во 2017 година, а набрзо излезе и Израел.

Гутереш објасни дека пред учесниците на Парискиот форум за мир, ги навел „петте посебни ризици што го преминуваат светот”, со „првата фрактура, од економски и геополитички фрактури”.

– Ние ризикуваме да ги видиме … двете најголеми економии на планетата, да им дадат на светот два посебни и конкурентни света… сè мора да се направи за да се одржи универзален систем и да се зачува мултиполарниот свет- истакна Гутереш.

Тој како проблеми со кој се соочува светот ги наведе пропаѓањето на социјалниот договор, порастот на дискриминацијата и говорот на омраза заедно со падот на солидарноста со бегалците, климатските вонредни состојби и, петто, новите опасности поврзани со напредокот на технологијата.

– Вие вложувате витални напори да му помогнете на светот да ги реши етичките проблеми во науката и технологијата, да ги сподели придобивките од знаењет-, нагласи Гутереш.

Генералната конференција се одржува до 27 ноември во седиштето на УНЕСКО во Париз. На Конференцијата ќе се одлучува и за буџетот за следните две години, што е зголемен за повеќе од 16 милиони долари и сега изнесува  534 милиони долари, а во исто време, доброволните придонеси пораснаа за 40 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот