Светот му се смее на најскапиот дефанзивец: Мегваер чуваше свој играч кога Саутемптон даде гол (ВИДЕО)

фото: твитер

Манчестер јунајтед вчеравечер пропушти одлична можност да се најде во „пол позиција“ за третото место на табелата во Премиер лигата и да игра во ЛШ наредната сезона.

„Црвените ѓаволи“ во последниот натпревар од 35. коло одигра само 2:2 против Саутемптон, а за болката да биде поголема, „светците“ израмнувачкиот гол го постигнаа во 96. минута.

Доколку не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите, навивачите на Јунајтед веќе го имаат главниот виновник за евентуалниот неуспех, тоа е најскапиот дефанзивец на светот, Хари Мегваер.

На Мегваер му се смее целиот фудбалски свет бидејќи при постигнувањето на израмнувачкиот гол на Саумтептон, тој во казнениот простор го чуваше својот соиграч Арон ван Бисака кого го влечеше од зад грб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот