Светот ја повикува воената хунта во Мјанмар да прекине со насилствата: до сега се убиени 149 лица

epa09077551 Friends and relatives attend the funeral service of Khant Nyar Hein, an eighteen-year-old medical student who was shot dead on a protest against the military coup, in Yangon, Myanmar, 16 March 2021. Khant Nyar Hein was killed during an anti-coup protest on 14 March. Anti-coup protests continue in Myanmar as global alarm grows over intensifying violent crackdowns on demonstrators by security forces EPA-EFE/STRINGER

 Мјанмарските безбедносни сили денеска убија уште најмалку две лица со огнено оружје, по мирните утрински демонстрации низ целата земја против владеењето на воената хунта, која со воениот удар од минатиот месец ја презеде власта во земјата од демократски избраната влада на премиерката Аунг Сан Су Чи.

Според Обединетите нации, од почетокот на демонстрациите на 1 февруари, веднаш по воениот удар во земјата се убиени 149 лица, додека независното Здружение за помош на политички затвореници тврди дека се убиени 183 лица.

Портпарол на канцеларијата на ОН за човекови права, Равина Шамдасани, денеска изјави  дека вчера во Мјанмар биле убиени најмалку 11 лица, а за време на викендот дури 57.

Според извештаите од Мјанмар, бројот на жртви е поголем, но тоа не може да се потврди.

-Убиствата на демонстрантите, самоволното апсење и тортурата врз пријавените затвореници ги кршат основните човекови права и јасно им пркосат на повиците на Советот за безбедност на ОН за воздржаност, дијалог и враќање на Мјанмар кон демократијата, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Пучот ги прекина неколкуте години на бавен напредок на Мјанмар кон демократија, по петте децении строго воено владеење, што доведе до меѓународна изолација и санкции.

Демонстрантите во некои области избегнуваат судири, па дури и денеска тие држеа поворки под свеќи до пред зори, а на други места дури и не се собираат, туку тајно поставуваат транспаренти или редат картонски силуети на луѓе, како да се во поворка.

Некои други, меѓутоа, повикаа на странска вооружена интервенција и прогласија „состојба на граѓанска самоодбрана против хунтата”, која веднаш ги прогласи дека се надвор од законот.

Мобилната телефонија низ целата земја е во прекин од неделата, за да се отежне протестот на демонстрантите и за да нема директни пренос на видео материјалите од мобилните телефони на нападите на безбедносните сили врз демонстрантите.

Најголемото насилство, кое однесе најмногу животи, беше забележано во Јангон и околните населени места, па во некои населби е воведен полициски час и неколку фабрики во индустриската област, главно во кинеска сопственост, во неделата беа запалени, што го налути официјален Пекинг.

Илјадници жители денеска ја напуштија областа, некои заради безбедност, а други затоа што се без работа.

Неколку западни земји воведоа санкции против генералите, но хунтата е убедена дека може да го издржи притисокот, особено со помошта на Кина, дипломатски сојузник што може да ги блокира одлуките во Обединетите нации и финансиски да помогне како резултат на загубата на инвестициите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот