Светот изгледа напуштено: Снимки од дрон за време на пандемијата на коронавирусот (ВИДЕО)

Од празна Будимпешта до пусти плажи во Бразил, градовите низ светот изгледаат како да се напуштени.

Поголемиот дел од населението е повлечено во своите домови, со цел да се спречи брзото ширење на коронавирусот, па улиците се сосема празни, пишува Евроњуз.

Снимката, која е направена со дрон во неколку градови низ светот, на почетокот го прикажува унгарскиот главен град Будимпешта, покажувајќи ги неговите празни улици и знаменитости без посетители. Потоа камерата се префрла во Вилнус, главниот град на Литванија.

Во Истанбул во Турција, град кој е многу фреквентен, можат да се забележат само неколку автомобили на улиците, а празните плажи на Рио де Женеиро оставаат стравичен впечаток.

Последниот град кој е снимен со дрон е португалскиот главен град Лисабон.

Погледнете и фотографии направени деновиве низ градовите на земјите кои се соочуваат со голем број заразени лица со Ковид-19:

Мадрид, Шпанија, периферен пат М-30 / 26 март  2020, Шпанија. / ФОТО: EFE/ Chema Moya EPA-EFE/CHEMA MOYA
Монти, Рим, Италија / 20 март 2020 / ФОТО:  EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI
Милано, Италија / 20 март 2020 / EPA-EFE/Marco Ottico
Париз, Франција / 20 март 2020 / ФОТО: EPA.EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON
Виена, Австрија / 20 март 2020 / ФОТО:  EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA
Шпанските скали во Рим, Италија / 20 март 2020 /. EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI
Барселона, Шпанија / 20 март 2020 /  EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA
Лос Анџелес, Калифорнија, САД / 20 март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT
Лондон, Велика Британија / 26.03.2020 / ФОТО: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA
Јоханесбург, Јужна Африка /27 март 2020 / EPA-EFE/KIM LUDBROOK
Цирих, Швајцарија/ 26 март 2020/ EPA-EFE/ENNIO LEANZA
Лима, Перу / 26 март 2020 / EPA-EFE/Sergio Urday
Лублин, Полска / 26 март 2020 /. EPA-EFE/WOJTEK JARGILO POLAND OUT

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот