Светот допрва ќе ги осети последиците од короната: Вниманието е на вирусот, а демнее опасност за која никој не збори

Пандемијата на коронавирусот се заканува да го загрози напредокот постигнат во лечење на ХИВ, туберколоза и многу други болести, покажува извештајот на Меѓународното здружение за борба против сида. Истражувањето кое го извршиле Светската здравствена организација, партнерството Стоп ТБ и Кралскиот колеџ во Лондон, укажува на тоа дека прекините во превенција и лечење на тие болести предизвикани од епидемијата на Ковид-19 ќе предизвика повеќе од еден милион додатни смртни случаи, пренесува британски „Експрес“.

– Мерките на социјално дистанцирање и карантин кои се воведени заради контрола на ширењето на коронавирусот, ги спречуваат програмите за превенција и лекување на ХИВ и одложуваат истражувања од витално значење, вели д-р Антон Позњак, претседател на меѓународното здружение за борба против сида.

Истражувањето на Глобален фонд, непрофитна организација за борба против сида, туберколоза и маларија, покажува дека заради пандемијата на коронавирусот, од вкупно 106 земји во кои фондот делува, 85 отсто пријавиле прекин на услугите во доменот на борбата против ХИВ, 78 прекин во борбата против туберколозата, а 73 отсто во борба против маларија.

СЗО предвидува дека во Африка шестомесечен прекин во 2021 година би можел да предизвика додатни 500.000 жртви од болести поврзани со сида, а ако тоа се случи, напредокот постигнат во борба против болеста би се вратил назад 12 години.

Експертите сметаат дека борбата против коронавирусот се води на штета на други болести.

– Ако службите во вашето опкружување се фокусирани на тестирање на Ковид-19 и лечење на таа болест, никој не прави тестови за ХИВ, вели д-р Позњак.

Кралскиот колеџ во Лондон предвидува дека оваа година бројот на жртви од маларија би можел двојно да се зголеми во однос на минатата година и да достигне бројка од 760.000 – затоа што мрежите за заштита од комарци се достапни на помал број на луѓе, а пристапот на тестирање и лечење е ограничен.

На пример, од последиците од епидемијата на ебола, донекаде може да се види како коронавирусот ќе влијае на глобалната реакција на други болести.

Институтот за јавно здравје на Универзитетот Јејл проценува дека епидемијата на ебола допринела од ХИВ, туберколоза и од маларија да умрат околу 10.000 луѓе повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот