СВЕТО ЈА ЗАТВОРИ BIP! 150 работници останаа на улица!

фото: Youtube.com

Познатата Белградска индустрија на пивото (BIP), најверојатно ќе биде затворена многу наскоро, потврдуваат за „B92“.

На работниците во производство им биле поделени откази, а што ќе се случи со останатите се уште е неизвесно.

– Тука е тотален хаос. Луѓето добија откази… Не се знае што ќе се случи со другите. Во тек се состаноци на кои ќе биде одлучено… Никој не знае што ќе се случи – рекло обезбедувањето на пиварата за „B92“.

Тие потенцираа дека ваквата состојба трае веќе две години.

Иако сопственикот, македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски, кој во 2017 година ги закупи погоните на „BIP“ кои беа под стечај, вети дека ќе ја среди состојбата, но тоа не се случи.

– Македонецот ветуваше дека ќе биде многу подобро кога пристигна, а сега само си замина… Ништо не се знае – вели соговорникот на „B92“.

Наместо да ги исполни ветувањата и да ја обнови фабриката, тој одеднаш ја напушти.

Редакцијата на „B92“ се обидела да стапи во контакт со управата на „BIP“, но никој не одоговорил од канцеларијата на директорот.

Наскоро се очекуваат повеќе информации во врска со иднината на „BIP“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот