Светниколската градинка, каде вработена беше заразена со ковид-19, утре ги отвора вратите за 110 деца

Детска градинка. / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Овој објект не беше пуштен, бидејќи вработена најпрвин имаше симптоми, а потоа и тестот потврди дека е заразена со коронавирусот.

Почнува со работа градинката „Рахилка Гонева” Клон 1, која на 9 септември не ги отвори вратите за 110 дечиња. Градоначалникот на Општина Свети Нилоле, Сашо Велковски вели дека се е подготвено да старува и овој објект и тоа од утре.

– Ги известуваме родителите чии деца треба да бидат згрижени во детската градинка „Рахилка Гонева” Клон 1, дека од 21 септември, понеделник, градинката е подготвена за прием на дечињата. Преземени се сите неопходни мерки и активности согласно Протоколот за работа на градинката утврден од страна на Министерството за труд и социјална политика за безбедно згрижување на нашите најмили, вели Велковски.

Овој објект не беше пуштен, бидејќи вработена најпрвин имаше симптоми, а потоа и тестот потврди дека е заразена со коронавирусот. Велковски вели дека здравствената состојба и е добра, а нејзините колешки кои беа ставени во изолација немаат никакви симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот