„Светлината на крајот од тунелот е се посветла“ – Половина од Американците примија барем една доза од вакцините

Фото: EPA-EFE/Gary Coronado / POOL

САД се многу блиску пандемијата од коронавирус да ја стават под контрола, а здравствените власти се сконцентрирани кон предизвикот што повеќе Американци да се вакцинираат, изјави денеска координаторот од Белата куќа за одговор на ковид -19, Џеф Зинк.

Зинк во интервју за СиЕнЕн рече дека околу 58 отсто од возрасните Американци примиле најмалку една доза против коронавирусот. Тој истакна дека задачата е да се продолжи со градењето доверба во вакцинтие и доволно Американци да се вакцинираат за да се ублажи ширењето на вирусот и неговите соеви, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата, здравствените власти во САД имаат приоритет да ја исполнат целта на претседателот Џозеф Бајден 70% од возрасните Американци да добијат барем една доза до Денот на независноста на САД на 4 јули.

Зинк рече дека постигнувањето на таа цел може да и помогне на земјата да постигне одржливо ниско ниво на инфекции.

Тој исто така ги бранеше најновите упатства на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кои препорачуваат целосно вакцинираните лица да продолжат да носат маски на настани на отворено или кога се во затворено во контакт со други лица кои можеби не биле вакцинирани.

Упатствата за ЦДЦ на крајот ќе им овозможат на повеќе луѓе да ги симнат своите маски, рече Зинк, додавајќи дека целта е близу.

“Светлината на крајот од тунелот станува сè посветла и посветла. Да останеме будни”, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот