Светлечка реклама на Кале за премиер Албанец (ФОТО+ВИДЕО)

Светлечка реклама со порака „Зошто да не “, на албански јазик, постави ДУИ на скопското Кале, промовирајќи ја и на тој начин новата иницијатива на партијата – за прв премиер етнички Албанец во Северна Македонија.

Пратеникот Артан Груби објави на фејсбук фотографии и видео од светлечката реклама, која е видлива од повеќе локации во Скопје, а за која не се знае дали ДУИ има дозвола за поставување.
Артан Груби објави на фесбук фотографии и видео од настанот.

Иницијативата на ДУИ секојдневно ја промовира некој од партиските функционери, а денеска тоа беше министерот за образование Арбер Адеми, кој рече дека меѓу Албанците во земјава има кадри и за највисоките државни функции.

Адеми: Премиер Албанец не само што ќе биде модел за сите наши деца, туку и доказ дека тие се еднакви со Maкедонците

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот