Светиниколска „Мода“ прави струја и кога не работи

Фотоволтаична централа на фабриката „Мода“ во Свети Николе, Фото: ОКТА

Текстилната компанија „Мода“ од Свети Николе веќе обезбедува две третини од сопствените потреби за струја од соларни панели, а вишокот на струја го продава, вели за „Слободен печат“ Ангел Димитров, претседател на Одборот на директори на компанијата.

На покривот на фабриката лани во декември во партнерство со ОКТА АД – Скопје, беа поставени 1.060 фотонапонски панели. Според договорот, „Мода“ добива гарантирана цена на струјата, а ОКТА ја надоместува разликата во цената со продажба на вишокот на слободниот пазар. Фотоволтаичната централа со вкупна инсталирана моќност од 296,40 киловат-часови, произведува „зелена“ електрична енергија.  Димитров вели дека трошоците за електрична енергија им се намалиле, не загадуваат, а инвестицијата ќе им се исплати за неколку години.

– Струјата учествува со голем процент во нашите вкупни производствени трошоци. Токму затоа се вклучивме во овој проект што ни носи бенефит, а во исто време придонесува за заштита на животната средина. Вишок струја се појавува кога не се работи и ако немаш дозвола за продажба, таа струја пропаѓа, оди во мрежата – објаснува Димитров.

Димитров е на ставот дека државата можеби избрзала со откажувањето од другите енергетски објекти, бидејќи обновливите извори сепак зависат од временските услови.

– Ветерот и сонцето се чисти извори на енергија, ама се нестабилни. Има денови кога нашите панели произведуваат дневно и по 1.800 киловати струја, ама ете вчера беа произведени само 300 киловати. Значи, мора да имаме сигурно производство и обезбедена енергија – заклучува Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот