Свети Николе ќе го менува грбот и знамето на општината

Светиниколските советници на денешната 50-та седница на Советот на Општина Свети Николе го изгласаа првиот ребаланс на буџетот за 2020 година и донесоа одлука за нов грб и знаме на општината. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашко Велковски попладнево за МИА информираше дека ребалансот се направил поради извршена присилна наплата на долг од 210.000 евра по основ на реконструкција на јавно осветлување, со што како што вели морале да изменат и дел од Програмите во буџетот на општината.

-Исто така, остануваме на главната преокупација во градежните инвестиции оваа година во рестартирање на пречистителните станица „Дивљак”, каде се потрошени 2,5 милиони евра и истата е оставена на заборав на времето. Воедно ќе се инсталира сосема нов цевковод до село Горобинци во должина од 4,5 километри и решавање на проблемот со вода за пиење за граѓаните од Горобинци. Скоро сите предвидени проекти за оваа година се планираат за реализација согласно буџетските програми, вели Велковски.

Тој истакна дека донесена е одлука за нови симболи, грб и знаме на општина Свети Николе. Во демократска постапка и по барање на граѓаните , а по распишан конкурс за идејно решение, истите ќе бидат ново обележје на општината. Изработувач на новите решенијата е Митко Јованов од Свети Николе. Истиот понудил решение со кое се враќа како симбол црквата „Свети Николај” со саат кулата и камбанаријата, а на грбот се наоѓа и традиционалниот Овчеполски вез и розетната пронајдена на локалитетот „Била Зора”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот