„Света е наш претседател”: Повеќе од 100.000 демонстранти на улиците во Белорусија

Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар Лукашенко, и покрај новата насилна реакција на армијата и полицијата, јави ДПА.

Демонстрациите беа организирани со цел симболично да се назначи лидерот на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаја за претседател на таканаречената „инаугурација на народот”.

Протести во Белорусија, Тихановскаја ќе биде симболично инаугурирана за претседател (ФОТО+ВИДЕО)

„Света е наш претседател”, се скандираше од луѓето кои маршираа во главниот град Минск, додека други извикуваа „Да живее Белорусија” и ” Ова е нашиот град “.

Демонстрациите се одржани и како одговор на тајната инаугурација на Лукашенко во средата, што повторно ги поттикна дневните протести, што се следени од се побруталниот одговор на државните служби.

Прочитајте и...  Министерството за одрбана на Русија ќе отвори претставништво во Србија за јакнење на воените врски

Униформирани мажи беа видени како напаѓаат демонстранти на денешните протести во Гродно и Гомел, што се 50-ти по ред од почетокот на немирите, додава германската агенција.

Белоруската полиција со солзавец и шок бомби против „непослушните демонстранти“

Во раните вечерни часови на територијата на цела Белорусија беа извршени околу 200 апсења, соопшти Министерството за внатрешни работи, а бројот постојано се зголемува.

За луѓето да ги спречат да им се приклучат на постојано менуваните протестни рути, властите уште еднаш го исклучија мобилниот интернет и ги затворија станиците на метрото.

Војниците заземаа позиции во Палатата на Републиката, додека комбиња и стотици милицајци чекаа по споредните улици. Претседателската палата беше обезбедена како тврдина затоа што властите стравуваат дека толпата може да упадне во седиштето на Лукашенко.

Прочитајте и...  И 5.726 самохрани родители ќе добијат платежни картички

Светлана Тихановскаја ја пофали храброста на демонстрантите и покрај заканата за апсења.

-Се собравме да го запреме овој режим – и тоа ќе го сториме со мирни средства, рече таа во видео порака.

“Ние сме милиони. И затоа ќе победиме”, додаде таа, а претходно ја нагласи посебната улога на жените кои сами организираа свои протести против Лукашенко.

Денешните редовни неделни протести се случуваат само еден ден откако маскирани униформирани мажи вчера на маршот во Минск уапсија десетици жени, наведе групата за човекови права „Вијасна”.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Во хотел-карантин со ист уред тестирани над 200 лица, постои можност да се заразени со ХИВ!

Инцидент во Србија: Фрлена бомба врз полициска станица во Србобран, нема повредени

Слободен печат

ВИДЕО: Панична реакција на премиерката на Исланд, среде интервју стресе земјотрес

Слободен печат

Брнабиќ со застрашувачка вест за Србија: Само вечерва имаме 400 заболени со ковид-19

Слободен печат

Видео: Енормно високи бројки на заразени во Франција

Слободен печат

Поради „постојана кашлица“: Меланија Трамп се откажа од патување во Пенсилванија

Слободен печат

Остави Коментар